Македонија во изминатите години имаше такви предизвици какви што немаше ниеден народ, да се стави вето за влез во ЕУ поради атак со уцена врз неговиот идентитет и име, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонскиот народ е единствен во Европа кој и покрај отстапките во име на европските вредности, сепак се наоѓа уште во ходникот на ЕУ“, додаде Мицкоски.
Тој оцени дека ДУИ и СДСМ се криминална коалиција иако се декларира како европска.
„Нив ги спојуваат криминални интереси, но верувам дека на изборите жестоко ќе бидат поразени, а потоа посакувам да се реформираат со некорумпирани и стручни луѓе. Нека направат сега изборна коалиција, доколку сакаат, тоа ќе биде добро за да бидат поразени“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски не очекува манипулации со таков интензитет кои би го нарушиле изборниот процес, имајќи предвид, како што рече, дека законите се јасни.
„Талат Џафери досега направи доста неуставни чекори и одлуки, па верувам дека кога судството ќе се ослободи, тоа да биде и законски оценето. Песимистички став е дека не може да биде полошо. Оптимист сум и верувам дека ќе биде подобро“, рече Мицкоски.
Тој нагласи дека ќе биде потребна и медиумска поддршка за да се расчисти криминалот во земјата.