недела, 20 октомври 2024

Мицкоски: Преодната влада нема да значи амнестија за криминалот на СДС и ДУИ, ќе си одговараат до последниот

Објавено на

часот

Сподели

Му го кажав мојот предлог за избори кои би се случувале оваа есен, како три можни датуми ги предложив 24 септември, први или осми октомври. Да одиме на избори, тој кој што ќе биде поразен да го поддржува победникот во одбрана на националните интереси. Значи да бараме гаранција за многувековниот македонски идентитет, култура, традиција, посебност, обичај и јазик од Европскиот совет и преземав обврска преку премиери на земји членки таа точка да ја ставиме на дневен ред. И бидејќи сите велиме никој нема против македонскиот идентитет, тогаш нема причина зошто таа точка да не биде на дневен ред и да се добие таков документ со кој што ќе се добие потврда на македонскиот идентитет, од највисокото европско тело, а тоа е Европскиот совет, каде што членуваат шефови на влади и држави од земји членки на Европска Унија. А од друга страна ќе ги видиме вистинските намери на нашиот источен сосед, дали е идентитетот проблем или не е“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека важно е да важат уставните измени тогаш кога Македонија ќе стане земја членка на ЕУ.

Ако ја гледаме преговарачката рамка таму ќе видиме дека никаде експлицитно не стои дека ние мораме да го промениме Уставот. Никаде не стои. Заклучоците на Советот, ако Советот има добра и чесна намера кон Македонија, може да толкува дека Македонија ја завршила својата обврска, се случил процесот на гласање, но не може да бидат полноправно важечки сѐ до моментот додека државата не биде членка земја на ЕУ“, кажа Мицкоски.

Тој повтори дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да поддржи какви било уставни измени кои ќе значат неизвесност во процесот на преговори.

Запрашан за тоа под услов уставните измени да важат одложено, дали ВМРО-ДПМНЕ би ги прифатило овие измени кои сега влегуваат во собраниска процедура кои Владата треба да ги испрати, Мицкоски одговори дека тогаш ќе достават предлог, а позади тој предлог ќе бараат гаранти, а тие гаранти треба да бидат ЕУ и САД, за таквиот предлог да се достави до Собранието.

Тој предлог ќе биде доставен до овие две институции , до канцеларијата на Европската Унија и САД, тие да бидат гарант на тој процес дека Македонија ќе ги примени овие уставни измени во својот Устав оној ден кога ќе почне ратификацијата на пристапниот протокол од земјите членки во ЕУ“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека се понудил да побара економски пакет за проекти за суштински потреби на граѓаните во форма на грант и кредитна линија за македонското стопанство.

Второ, реков дека ќе разговарам со Урсула Фон Дер Лајен бидејќи сме од истото семејство на ЕПП и ќе побарам економски пакет за проекти за суштински потреби на граѓаните, во форма на грант кој што ќе биде дел од буџетот на Европската Комисија за 2024 година. И побарав кредитна линија за македонското стопанство за да може да се подготви за процесот на пристапување кон ЕУ и да може подготвено да го пречека тој процес“,  рече Мицкоски.

Освен тоа, Мицкоски на разговорите со Ковачевски, предложил да се бара од Бугарија да имплементира барем три пресуди донесени од Судот за човекови права, а тоа значи дека треба да се зборува и за обрососедство. Не може само Македонија да биде добра и да испорачува. Но овие предлози Ковачевски ги одби, рече Мицкоски.

Тој истакна дека не е точно дека со барањата од ВМРО-ДПМНЕ се прави упад во преговарачката рамка.

„Во преговарачката рамка никаде не стои дека треба да го промениме Уставот. Ова е обична формалност за која се бориме, бидејќи нема да поддржиме какви било услови кои би знаечеле неизвеснот во процесот на преговори“, истакна Мицкоски.

Според него, ако се исполнат одредени услови и ако се направи преодна широка влада со СДСМ, со тоа подобро ќе се контролира изборниот процес, а како прво министерство што ќе го бараат е МВР

Мицкоски објасни дека не го амнестира СДСМ од сторениот криминал со тоа што истакнува дека не би влегол во влада во која е и ДУИ, поради тоа што „интегративците се  креатори на неуспешните политики. ДУИ ги креира владините политики. Единствените пораки кои доаѓаат се од министрите кои не се од СДСМ, дали е правда, здравство, економија Тие се двигателите на политиките на Владата. Што се однесува до СДСМ – секој оној што се огрешил, ќе одговара родена сестра да ми е. Преодната влада, доколку дојде до неа, нема да биде амнестија за СДСМ“, нагласи Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ