Тимчо Муцунски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека Извршниот комитет го овластил Мицкоски да ги афирмира и одбрани овие позиции.
„Поаѓајќи од националните и државните интереси и запазувајќи го мислењето на огромното мнозинство на граѓани во државата, уставни измени под диктат и под околности кои се поразителни за Македонија не смее да има. Македонија токму поради лесните отстапки и штетните политики на власта, веќе е во изолација. Измама е тезата дека на оваа лидерска средба се одлучува за интеграција или за изолација. На оваа лидерска средба се одлучува или за уставни измени и национални порази или за одбрана на националното достоинство и националните интереси“, изјави Муцунски.