сабота, 28 декември 2024

Мицкоски од европските лидери побара да помогнат Македонија што поскоро да ги почне преговорите

Објавено на

часот

Сподели

„Ова го зборувам особено во контекст на она со што се соочуваме во Украина и како тоа влијае на Западниот Балкан. Македонците во моментов се соочуваат не со физичка агресија, туку со политичка агресија. Во овој момент има обиди на земја членка на Европската Унија да го негира правото на македонски јазик, и да се меша во македонскиот идентитет. Овој тип на однесување е сè освен европски. За жал, нашиот процес на интеграција во ЕУ е со фокус на минатото, наместо на иднината. Ова не е Европа во која јас верувам”, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека постојано се посветени на европскиот пат. Многупати во минатото нашата влада не даваше резултати за клучните прашања, особено ако се има предвид владеењето на правото и борбата против корупцијата. Сепак, пред се, нашите граѓани заслужуваат отворање на пристапните преговори. Јас лично ве уверувам дека штом ќе почнат преговорите, новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе стави посебен фокус на изградбата на одржливи демократски институции кои одговараат на највисоките европски стандарди.

„Денеска, стоејќи пред вас, апелирам до присутните лидери да го искористат своето влијание за да помогнат да се даде стабилност и кредибилитет на европската перспектива на Западниот Балкан. Тоа не може да се постигне без Македонија да ги отвори пристапните преговори што е можно поскоро”, изјави Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека само преку вакви одлуки сега, можеме да ја донесеме иднина каква што очекуваат и заслужуваат македонските граѓани.

Конгресот на Европската народна партија го избра Манфред Вебер за претседател на ЕПП со 447 гласа „за“ од вкупно 502. Тој го наследи Доналд Туск.

„Исклучително сум горд што сум избран за претседател на најголемата политичка партија во Европа и понизен сум што можам да ги следам стапките на лидерите на ЕПП како Доналд Туск. Заедно велиме не на недовербата на Европа кон популистите, која ги поларизира луѓето и ја уништува нашата иднина. Ние велиме не на европските елити и нивниот пристап од горе надолу. Ние сме партијата која е најблиску до секојдневните реалности на граѓаните. Ќе работиме понапорно од кога било за да ги обединиме нашите општества и никогаш нема да престанеме да се бориме за подобра и посилна ЕУ за луѓето во Европа”, изјави новиот претседател Вебер.

 
 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ