среда, 23 октомври 2024

Мицкоски објави првостепена пресуда и „Фронтлајн“ го нарече медиумиски слуга

Објавено на

часот

Сподели

„На големиот христијански празник Прочка водеа кампања со лаги, навреди и измислици по кој знае кој пат овие пет години, против мене и моето семејство. Сакаа да ме изедначат со нив и претстават како политички профитер и криминалец. За таа цел СДСМ и ДУИ ги вклучија сите свои медиумски слуги да ме навредуваат мене и честа на моето семејство со лаги, измислици и конструкции“, вели Мицкоски.

Додава дека на тој подол начин мислеле дека ќе спечалат на краток рок некој политички поен.

пресуда

„Не успеаја…, а денес ја добив пресудата во прв степен, а еден од тие медиумски слуги е осуден дека сторил клевета, со изнесување невистини и се задолжува на негов трошок да ја објави пресудата во еден дневен весник. Фронтлајн го прекршил членот од 8 од ЕКЧП како и кодексот на новинари на Македонија.  Можеби мала утеха, но доволна за лична сатисфакција“, пишува Мицкоски објавувајќи делови од пресудата. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ