сабота, 27 јули 2024
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со порака од Кавадарци

Мицкоски: На лидерска средба ќе отидам и на Ковачевски ќе му речам дека уставни измени нема да има

Објавено на

часот

Сподели

„Потребна е оставка на Владата, народот да излезе масовно на избори и да одбере иднина. Време е на сцена да застане еден блок кој ќе се обедини околу иднината на сите луѓе затоа што Македонија е за сите луѓе. Потребно е да се позанимаваме со реалните проблеми на луѓето каде седи изворот на она што ја тишти и силно потиснува оваа нација. Најавувам блок кој ќе се соедини околу најважните интереси на Македонија, каде ќе се обединиме многу субјекти од сите партии и групации кои се вистински заинтересирани Македонија да е на сите и да одиме напред“, рече Мицкоски.

„Имаме власт која е во распаѓање, тотална анархија во институциите. Премиер кој наутро си пишува оставка и вели доста е, не можел да го издржи притисокот. Попладне доделува тендери, а навечер говори за тоа како ќе ја спасел Македонија и ќе ја внел во Европската Унија. Ниту неговото членство во него не гледа сериозен фактор, затоа што тие и не знаат кој вистински им ја води партијата. Но, да бидам искрен, кој и да е, едно е сигурно, најголемото влијание во СДС има и со Бихаќка управува Речица. СДС е киднапирана партија и слуга на вистинскиот и најголем партнер во владата, а тоа е ДУИ која 20 години е власт и со тек на годините станаа криминализирана група силно вмрежена и ухлебена во државните институции“, истакна Мицкоски и додаде дека ДУИ го поседува и претседателот на Македонија.

„Кога велам им го поседува претседателот, велам затоа што Пендаровски, изминативе 4 години и повеќе ја испушти можноста со своите постапки да биде претседател на сите граѓани, тој покажа и докажа дека е претседател само на оние малкумина кои уште го поддржуваат. Затоа велам им го киднапираа и претседателот на државата, а тоа е Пендаровски“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека човекот (Пендаровски) нема став кој не го промени. „Македонија има претседател во два облика. Првиот е оној кој се појавува на интервјуа и телевизија и говори она што сака да го чуе народот, а вториот облик е оној кој го среќаваме при носењето на одлуките, целосно спротивен од тоа што претходно го говорел“, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ