сабота, 27 јули 2024
Изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Крадат многу зашто наскоро ќе загубат, а СДСМ е можно да добијат едноцифрен број пратеници

Објавено на

часот

Сподели

Во однос на договорот со Бехтел и Енка Мицкоски рече  дека ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период пред јавноста соопшти на десетина дилеми за кои што смета дека се историски криминални, нагласувајќи дека Македонија секогаш губи кога и да е СДСМ на власт.

„ А дури и јас би рекол дека според влијанието кои што го имаат овие проблематични делови од договорот се поголем криминал од времето на транзицијата кога практично десетици, стотици наши сограѓани останаа без работа. Значи кога СДСМ на власт, Македонија секогаш губи, се менуваат знамиња, се менуваат имиња, се отвора и затвора Уставот. Ваквиот тип на договори мора да ги дознае јавноста, бидејќи многу скоро од денеска ќе имаме избори и ќе одлучуваме дали сакаме такви политичари да ја водат Македонија или сакаме луѓе кои што градат, кои што создаваат,“ рече Мицкоски.

На друго прашање поврзано со инфлацијата Мицкоски рече дека таа не е увезена бидејќи во еврозоната е пониска за два пати.

„ДУИ и СДСМ знаат  дека за неколку месеци си заминуваат па затоа се обидуваат да ги испокрадат граѓаните и да избегаат од правдата, но нема да можат да се сокријјат. Не е проблемот само во бројките за инфлацијата. Проблемот е затоа што ем не ги бидува, ем не знаат, ем многу крадат. 

На новинарско прашање дали ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицираат со ДУИ, Мицкоски изрази надеж дека соработка ќе има со опозицијата кај Албанците.

„Јас не очекувам дека таа бројка ќе биде значително поголема од бројката што ќе ја има, се надевам некоја консолидирана опозиција кај Албанците во Македонија. Бројката на пратеници на СДСМ очекувам дека ќе биде или едноцифрен број или близу до двоцифрен број пратеници, рече Мицкоски во изјавите што ги даде за време на посетата на Жилче, Општина Јегуновце.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ