сабота, 27 јули 2024
Изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Ќе чекаме ЕУ да се изјасни денеска дали поддржува европско знаменце на предлог законите за коридорите

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски рече дека ги повикува и амбасадите на земјите од Европската Унија да се произнесат за тоа што денеска, како што нагласи, „го направи Владата на ДУИ и СДСМ“, бидејќи, како што рече во однос на договорот за коридорите, „во делот 5, кој се користи за објаснување со кој дел од европската регулатива се усогласува секој од  законите, замислете, во овие предлози е празен“.

„Нема и не е наведено во што се усогласува“ нагласи Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече да не бега премиерот од соочување и во тв-дуел да ги расчистат работите околу догворот со Бехтел и Енка.

Инаку, во собранискиот Деловник е регулирана употребата на евроското знаменце на предлог-закони. Деловникот предвидува кога предлогот на закон содржи одредби со кои се врши усогласување со правото на Европската Унија, во воведот се наведуваат и податоци за изворниот акт на Европската Унија со полн назив, број и датум. Исто така, во став 5 од член 135 (што го споменува Мицкоски) со предлогот на закон се поднесува и изјава за усогласеност, потпис на надлежниот министер и јасно наведување на правниот акт на Европската Унија со кој е извршено усогласувањето.

Деловникот е прецизен дека ако предлогот на закон не е подготвен во согласност со неговите одредби, претседателот на Собранието, пред да го достави на пратениците, ќе побара од предлагачот да го усогласи со одредбите на овој деловник.

Ако потоа предлагачот, во овој случај Владата, не ги усогласи во рок од 15 дена предлог-законите, ќе се смета дека тие не се ниту поднесени, предвидува Деловникот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ