сабота, 2 ноември 2024
Прес конференција на Левица

Мицкоски и Ковачевски тајно соработуваат за да ја остварат „софиската платформа“, рече Мециновиќ

Објавено на

часот

Сподели

Мециновиќ изјави дека под нов превез се засилуваат обидите на странските структури за окончување на промената на Уставот преку разни политички чинители, за расчеречување на македонските национални одлики, историја и посебност, за субверзија на народниот суверенитет изразен во институциите и конечна парализа на државата преку навлегување на бугарските служби во општествено-политичкиот живот.

Во контекстот на тоа дека соработуваат Мицкоски и Ковачевски, портпаролот Мециновиќ рече дека потсетува оти минатото лето народот одлучно кажа не за бугаризација на Македонија преку т.н. француски предлог и дека го искажа својот пркос за задржување на цивилизациското право на самоопределување.

„Сега, раководството на ВМРО-ДПМНЕ остава впечаток на амортизер на народното незадоволство, и затоа скапо ќе чини формирањето на нови лаги во координација со СДС и ДУИ. Вистината е дека, со овој модел се исполнува Софиската платформа. Како тројански коњ, овој модел води кон повторно наметнување на францускиот предлог низ работните групи. Затоа, учеството во овие работни групи е знак на предавство.

Компромис не смее да има, бидејќи ние не говориме за европска извесност која следи туку за силен аларм за бугаризацијата на Македонија и роварење на странските служби низ државата.

Јасни се насилничките притисоци кои се вршат врз државата и кои не соодветствуваат на било каква европска иднина. Јасно е и дека ВМРО-ДПМНЕ се приклучува кон разнебитувањето кое го предводи Димитар Ковачевски. Но, повеќе од се, јасни се опасностите кои неуморно демнат, за бугарските служби според чија директива нашите домашни политичари се управуваат.

Францускиот предлог беше изготвен во посредништво на Париз, но преку дијалог помеѓу официјална Софија и пробугарските елементи кои се кај нас на власт – затоа, противењето на овој ултиматум кој го наметнуваат бугарските служби е чин на антифашизам. Како антифашистичка партија Левица останува доследна на своите ставови и во оваа крајна фаза на борбата против повампирените колонијални претензии на соседните земји“, рече Мецинопвиќ.

На крајот тој нагласи дека промената на Уставот е предавство.

„Да кажеме не за софиската платформа“, рече портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ