сабота, 27 јули 2024

Мицкоски: Експертите за уставни измени се дел од семејните стебла на ДУИ и на СДСМ

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски изјави дека ништо не очекува од експертската група за уставни измени, но оти ќе очекува одговорност и дека отпочнувањето на постапката нема да успее. Тој не сакаше да го коментира составот на експертите што вчера ги објави Министерството за правда, велејќи дека се срами од „нивниот срам“. 

„Тоа ќе биде уште една политика на Ковачевски која што не успеала и потоа кривична одговорност за оние коишто ќе земаат хонорари од народот, а практично нема да сработат ништо бидејќи нивната работа е беспредметна, така што можам да кажам – еве го повикувам Ковачевски да не биде кукавица веднаш да ја достави иницијативата до Парламентот и пратениците во Парламентот да го дадат својот став по тоа прашање“, рече Мицкоски.

Коалицијата „За обнова на Македонија“, рече Мицкоски, која што во Парламентот брои 44 пратеника нема да ја поддржи оваа иницијатива за отворање на Уставот.

„Час поскоро да ја затвориме оваа тема, имаме поважни работи – нѐ крадат при здрави очи, пљачкаат милијарди од народот, здравството ни е катастрофа, децата во школо немаат книги, дајте тоа да зборуваме. Ова треба да го игнорираме и да го затвориме. Ова е уште една политика на Димитар Ковачевски која што ќе биде поразена, а јас ќе повторам за ова ќе има одговорност. Повторно ќе кажам, не знам колку сериозно не разбираат, но за ова ќе има одговорност“, рече Мицкоски. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ