среда, 11 декември 2024

Мицкоски: Ако власта прифати една изборна единица, ние сме „за“

Објавено на

часот

Сподели

Тој повтори дека ги прифаќаат и укажувањата на ОБСЕ изборите да се спроведуваат во една изборна единица.

Во четвртата изборна единица се избира пратеник со 7 до 7,5 илјади гласови, а во шестата со 5 до 5,5 илјади гласови, тогаш за да се отстрани тоа треба да имаме една изборна единица и секој пратеник што ќе биде избран во макеоднското собрание ќе биде избран со подеднаков број на гласови. Јас апелирам до ДУИ и Алијанска за Албанците да излезат во јавноста и да прифатат една изборна единица и нема потреба од национализам и иредентизам зашто секој граѓанин е еднаков пред Уставот и тие што гласаат во Тетово, Гостивар, треба да се исти со тие во Струмица, Василево и други општини. Затоа власта нека го прифати тоа, а ние како ВМРО ДПМНЕ сме подготвени во парламентот тоа да го поддржиме и да одиме на избори, рече Мицкоски.

Тој во Василево даде изјава и за договорот со „Бехтел и Енка“.

„Според договорот е предвидено 117 милиони евра да се платат за подготвителни работи и подготовка на градилишта, тоа се уште тече, претпоставувам, и се предвидени да се платата во два наврати. 83 милиони е предвидено да бидат исплатени две недели откако е потпишан договорот и дополнителни 30 милиони евра, 45 дена откако е потпишан договорот“.

Тој потенцираше дека сумата наскоро ќе надмине 230 милиони евра, а нема ни шајка да има на коридорите.

Мицкоски посочи дека вториот дел е пеналите кои треба да се платат поради тоа што не е променет Законот за работни односи во рок од 45 дена од потпишување на договорот, а тој датум заврши на 22 април.

„Таа сума која треба да се плати е минимум 53 милиони евра. Тие треба да се платат во рок од две недели откако ќе изминат тие 45 дена предвидени да се смени законот за работни односи и да се продолжи работната недела од 40 на 60 работни часа, а тој ден истекува на 6 мај. Од информации со кои располагаме има натегање помеѓу владата и фирмата изведувач околу банкарската гаранција кога ќе се договорат да бидат исплатени дополнителни 50 милиони евра по основ на авансно плаќање предвидено во тој договор. Таа бројка за недела дена ќе биде огромна, повеќе од 220—230 милиони евра, а се уште од проектот нема ни шајка некој заковано“, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ