сабота, 27 јули 2024

Мицевски: Ќе поднесеме интерпелација за спикерот Џафери

Објавено на

часот

Сподели

„По вчерашниот ден во кој ние пратениците бевме заклучени во пленарната сала по наредба на Талат Џафери, станува кристално јасно дека Собранието не е повеќе демократска институција, туку е заробена од еден автократ кој си дозволува да се однесува како Собранието да е приватна своина, непочитувајќи никаков Деловник и пред се крши основни човекови права. Талат Џафери, со своите диктаторски и непринципиелни методи не смее ни ден повеќе да го води законодавниот дом“, рече координаторот на пратеничката група Никола Мицевски.

Тој оцени дека Џафери нема почит кон никого, ниту кон собраниската служба која ја навредуваше најбезобразно и со пцости, ниту спрема пратениците за кои, како што нагласи Миевски, се дрзна да им го ограничи правото на движење и ги заклучи во пленарната сала.

„Тоа се крици на еден немоќен и неспособен човек кој не може да изгради сопствен авторитет, ниту кај службата, ниту кај пратениците. Затоа, не знаејќи што да прави се дрзнува насила да спроведува режим кој што е далеку од демократски. За Талат Џафери, не постои Деловник, не постојат човекови права. Овој автократ е влезен во филм дека никој ништо не му може и дека е недопирлив и затоа мора да си оди подалеку од храмот на демократијата.
Ова е човек што си дозволува да фрла амандмани на опозиција во контејнер, да омаловажува вработени во Собранието, луѓе професионалци кои се виновни само затоа што одбиваат да ги примаат неговите наредби кои се незаконски, насилно да ги заклучува пратениците во Собранието, да крие закони и интерпелации во фиока и да го ускратува уставно загарантираното право на пратеник да ги застапува граѓаните кои што го бирале“, рече Мицевски во поширокото образложение на најавата за поднесување интерпелација.

Координаторот на пратеничкатга група на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека однесувањето на Џафери се случува „со амин и знаење на СДСМ кои што секојдневно ги бранат постапките на Џафери сакајќи најлошиот претседател на Собранието во историјата да го претстават како најдобар“.

Според Мицевски, СДСМ и  Џафери ќе направат се да избегаат од одговорност и упати порака до спикерот:

„Оваа Интерпелација не смее да заврши повторно кај него во фиока и никогаш да не ја стави на седница како што се случи со предходната што ја поднесовме.
Редот и функционирањето на Деловникот мора да се вратат во Собранието на Република Македонија. Самоволието, деспотското раководење и сите други методи на кои е навикнат Џафери може да си ги применува само во својата партија и кај него дома“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ