Тој ги наведе „температурите постојано повисоки од просечните“, „продолжената суша“ и „силните ветрови“ како „последици од климатските промени со кои мора веднаш да се соочиме“.
Во 2024 година бројот на шумските пожари е зголемен на 9.101, додека лани имало 7.163, рече тој.
Грција се смета за „жариште“ на климатските промени во медитеранскиот басен, секое лето има топлински бранови и шумски пожари, но и двете појави стануваат сѐ посилни во последните години.
Минатата зима во Грција беше најтоплата досега, според Атинската национална опсерваторија, првите шумски пожари избувнаа во март, и тоа високо во планините, и гореа со денови, топлинските бранови почнаа уште во јуни, а рекордно високи температури беа забележани и во јули.
Во средината на август беа потребни три дена за само да се ограничи ширењето на пожарот во близина на Атина, а потоа тој стигна до нејзините предградија. Едно лице загина, а илјадници беа евакуирани.
Гореше дури и во септември кај Коринт, каде што пожарот опустоши 6.500 хектари шума и земјоделско земјиште.
Повеќе од 20 луѓе загинаа во шумски пожари во 2023 година. Огромниот пожар во Националниот парк Дадија, во североисточна Грција, е класифициран како најразорниот досега во ЕУ.