четврток, 26 декември 2024

Мицотакис: Потребни се дополнителни средства за справување со климатските промени

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска изјави дека Европа е глобален лидер во зелената транзиција, но дека се потребни дополнителни средства за справување со последиците од „екстремните климатски промени“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Говорејќи на Самитот на ОН за климатски промени КОП29 во Баку, Мицотакис предупреди дека Европа не смее премногу да се фокусира на долгорочните цели како што се целите за 2050 година, а истовремено да ги занемари итните потреби од 2024 година, објави Ројтерс.

„Не можеме премногу да се концентрираме на 2050 година и да ја заборавиме 2024 година“, рече Мицотакис, нагласувајќи ја потребата за поголеми ресурси за подготовка.

Тој додаде дека се потребни дополнителни инвестиции за да се спасат животи и да им се помогне на луѓето и заедниците да се опорават од природните катастрофи, кои стануваат се почести.

Со изобилство на сонце и ветер, Грција го зголеми повеќе од двојно производството на обновлива енергија од 2014 година што претставува околу половина од производството на електрична енергија и вели дека е на пат да ги затвори сите свои централи на јаглен до 2028 година.

Но, таа е на првата линија на климатските промени и се бори да обезбеди помош и да ги поправи штетите по деструктивните поплави и шумски пожари во последниве години, кои научниците ги поврзуваат со глобалното затоплување.

Оваа година, земјата го имаше најжешкото лето досега по зимата со малку или без дожд.

Мицотакис рече дека Европа има сè помал удел во глобалните емисии, но е речиси сама во одбраната на правилата за слободната трговија и треба да се погрижи енергетската транзиција да не ѝ наштети на нејзината економија.

„Треба да поставуваме тешки прашања за патеката што оди многу брзо на сметка на нашата конкурентност и патеката што оди малку побавно, но дозволува нашата индустрија да се прилагоди и да напредува. Наша одговорност е внимателно да одмериме меѓу овие компромиси“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ