петок, 26 јули 2024

Мицотакис: Ќе има проблем ако изборната реторика на ВМРО-ДПМНЕ биде официјална политика на Владата

Се надевам дека оние работи што се слушнаа предизборно, нема постизборно да бидат официјална позиција на новата Влада на Македонија, бидејќи ако се случи тоа, ќе имаме проблеми, истакна премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис во интервјуто за грчката телевизија Алфа

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Мицотакис објасни дека и тој како опозиција не се согласувал со Договорот од Преспа, но сега мора да го почитува во рамките на континуитетот на државата и потенцираше дека истото ќе треба да го стори и новата Влада во Македонија.

Посочи дека „со загриженост“ ги следи изјавите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, но и дека „со голем интерес“ го чека официјалниот став на новиот премиер за да види „на кој начин ќе се осврне на името на неговата земја“.

„Сакам да бидам јасен. Јас лично не се согласував со Договорот од Преспа, а особено со одредниците ‘македонска нација’ и ‘македонски јазик’. Но, го прифатив Договорот во рамките на континуитетот на државата и препознав дека, и покрај моето несогласување со Договорот, морам да го почитувам. Истите барања постојат и сега од новото раководство на Северна Македонија. Да бидеме трпеливи. Сакам да се надевам дека оние работи што се слушнаа предизборно, нема да бидат официјална позиција на новата Влада постизборно, бидејќи ако се случи тоа ќе имаме проблеми’, рече Мицотакис.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ