среда, 29 мај 2024

Мицотакис: Грција нема да испрати Патриот или С-300 во Украина

Грција нема да ѝ испорача на Украина системи за противвоздушна одбрана Патриот или ракети С-300, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во четвртокот Мицотакис за грчката ТВ Скај изјави дека Грција нема да испрати ниту Патриот ниту С-300 во Украина, и покрај европските барања и критичниот недостаток што Украина го има во областа на воздушната одбрана.

„Грција ја поддржа Украина на различни начини, обезбедувајќи одбранбен материјал. Но, ние од самиот почеток рековме дека не можеме да се откажеме од оружените системи кои се клучни за нашите способности за одвраќање. Нè прашаа, а ние објаснивме зошто не можеме да го направиме тоа“, рече Мицотакис, пренесува порталот Јефимерида.

Според Мицотакис, испраќањето на таа опрема во Украина би претставувало преголем ризик за грчката воздушна безбедност.

„Имаме вишок материјал со кој можеме да ја поддржиме Украина, тоа го направивме и верувам дека тоа е вистинскиот избор. И ако можеме да најдеме повеќе, ќе продолжиме да го правиме тоа. Но, системите за противвоздушна одбрана се клучни за заштита на грчкиот воздушен простор и нема да бидат испратени во Украина“, нагласи Мицотакис.

Грчките медиуми на 22 април објавија дека Атина планира да испрати барем еден Патриот во Украина, по сугестиите на Европската унија до земјите-членки да ја зголемат помошта за воздушна одбрана за Киев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ