недела, 20 октомври 2024
Премиерот по тензиите за црквата

Мицкоски за инцидентот во Галатe: Граѓаните да не наседнуваат на вакви провокации

„Ова се изолирани инциденти, и ќе има уште вакви. Вие ја слушнавте изјавата на владиката, кој се оградува од ваквите инциденти. Жителите на село Галате исто така се оградуваат, а она што е интересно на социјалните мрежи излегоа слики на некои лица кои се во друштво на политички активни ликови“, изјави денеска македонскиот премиер Христијан Мицкоски, за состојбите во општината Врапчиште, каде што вчера имаше апсење на две лица, кои наводно го чистеле простор околу црквата во селото Галате.

Објавено на

часот

Сподели

„Ако се земе предвид поддршката политичка во Врапчиште, но и полициската структура во СВР Гостивар, тоа е дел од оној фолклор да се сее етничка нетрпеливост. Ваков тип на инциденти ќе има. Како влада не можеме имајќи ги предвид последните промени во Законот за полиција, не може да се случат промените во раководните структури. Ќе мора за следните 2-3 месеци да се случи измена на тој Закон, и да има измена во тие раководни структури, за да можеме реално да ја имаме ситуацијата под контрола. Немајте дилема дека криминалните стурктури во минатото, ќе прават вакви инциденти во блиска иднина. Самите жители на Галате го отфрлија ова, самиот владика го отфрли сево ова… Апелирам сега кога државата оди во нагорна линија, граѓаните да не наседнуваат на вакви провокации“, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ