понеделник, 21 октомври 2024

Мицкоски: Во септември 2.500 денари линеарно зголемување на пензиите

Oд септември почнува исплатата на 2.500 денари линеарно покачување на пензиите на пензионерите. Oд март следната година ќе ги добијат уште 2.500 денари, што значи дека ова ветување на Владата ќе биде исполнето, изјави претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

„Апсолутно, законот е во подготовка за линеарното покачување, а не како што беше до сега, и за овој септември и за во март, така што оние 5.000 денари кои беа ветени за пензионерите ќе легнат на сметката на пензионерите. Со ребалансот се предвидени овие средства за оваа година, но исто така со буџетот ќе ги предвидиме и за следната година. Па ќе видиме, во зависност од тоа во каква кондиција ќе биде буџетот ќе видиме какви одлуки ќе носиме за следното усогласување во септември, дали ќе имаме повторно процентуално зголемување, или ќе имаме повторно линеарно зголемување, она што го бараа пензионерите“, истакна премиерот Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ