недела, 23 март 2025

Мицкоски во посета на семејството на Иле Гоцевски: Неговиот подвиг потсетува дека храброста и човечноста живеат во нашите луѓе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посетил семејството на Иле Гоцески, возачот на возилото за Брза помош, кој почина од срцев удар наредниот ден по трагичниот пожар во дискотеката во Кочани. Иле, во критичната ноќ, за време на пожарот цело време ги извлекувал повредените од пламенот во дискотеката.

Објавено на

часот

Сподели

„Денес го посетив семејството и сопругата на Иле Гоцевски – возачот на Брзата помош, кој со пожртвуваност што нема цена, цела ноќ им помагаше на повредените од трагедијата во Кочани.

Во време кога тагата не престанува, неговиот подвиг потсетува дека храброста и човечноста живеат во нашите луѓе. Тоа се нашите херои!

Иле замина тивко, но зад себе остави пример кој нема да го заборавиме.

Мојата почит и поклон за него. Почит и до сите што несебично им служат на граѓаните.

Вечна ти слава, Иле“, напиша премиерот Мицкоски на својот Фејсбук-профил.

Министерот за здравство, Арбен Таравари претходно најави дека Иле Гоцевски ќе биде постхумно одликуван.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ