сабота, 27 јули 2024

Мицкоски во МАСИТ, се бараат предвидливи политики

ИТ индустријата бара предвидливи политики за да може да го планира својот бизнис. Ваква порака била пренесена на денешната средба на раководството на Стопанската комора за информатички технологии – МАСИТ со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски по средбата изјави дека се работи за значајна гранка во економскиот развој на државата и дека треба да се креираат политики базирани на искуство. Барањата на МАСИТ, според Мицкоски, се разумни и логични во однос на информирањето при носење на законските решенија што, како што рече, не било случај во изминатите години.

„Најважно е кога ќе водите политика базирана на искуство, а не политика базирана на чувства. Сигурно луѓето кои се во ИКТ индустријата и МАСИТ комората имаат поголемо искуство од нас политичарите и кога разговараме, разговаравме врз основа на искуства и факти“, изјави Мицкоски.

Како што рече, се работи за значајна индустрија која опфаќа околу 20 илјади регистрирани вработени, околу 3.000 илјади правни субјекти, обрт приходи повеќе од 1,3 милијарди евра на годишни ниво и извоз повеќе од половина милијарда евра.

Одговарајќи на новинарски прашања кои економски чекори ги планира, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека најважно е земјава да стане функционална држава.

„Мора да имаме институции што ќе бидат ослободени од криминал и корупција. Луѓето кои ќе ги водат тие институции да бидат чесни, со визија и план како да ги управуваат тие институции, а да не прострујува во јавноста сомневање за криминал и корупција поврзан со луѓето кои ги водат тие институции“, рече Мицоски.

Тој повтори дека во изборната програма имаат силни адути, а еден од нив, според него, е во делот на децентрализација на средствата од Буџетот кон локалните единици на самоуправа каде се планирани 250 милиони евра годишно.

„Ние не сме чудотворци. Чуда се невозможни, јас тоа сум го кажувал многупати, го повторувам и сега, но навистина имаме програма што нуди развој и држава којашто ќе биде средена и функционална, нешто што е спротивно од ова што сега е Македонија“, рече Мицкоски.

Претседателката на Управниот одбор на МАСИТ, Анета Пешева ја оцени денешната средба како успешна, псоочувајќи дека следуваат средби со политичките партии, учесници во кампањата.

„Мислам дека разговаравме за работи клучни за ИТ индустријата, бидејќи ИТ индустријата има неверојатен пораст, годишно скоро по 30 проценти на секое поле во вкупните приходи, во платите, така што мислам дека оние што ќе бидат на власт во иднина треба да посветат внимание на развојот на ИКТ секторот“, рече Пешева.

Во однос на кампањата, Мицкоски истакна дека клучни се пораките кои се презентираат на настаните за време на кампањата за Гордана Сиљановска Давкова која ќе е идниот претседатеел на Македонија.

„ И очекувам дека довербата која ќе ја добијат Сиљановска Давкова и коалицијата ВМРО-ДПМНЕ  со коалицијата твоја Македонија да направат нешто ново за Македонија и поразлично од тоа што се гледаше сега“, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека во кампањата не го коментира Ковачевски бидејќи човекот исчезна, го нема.

„Пендаровски се срами од Ковачевски како претседател на партијата која го поддржа или е нешто друго како причина, но човекот исчезна. Што се однесува до Пендаровски и начинот на кој води кампања веќе кажав дека човекот најмалку што треба да направи е да ѝ се извини на професорката Гордана Сиљановска Давкова, но тој тоа не го прави, продолжува со навреди. Ако оценил   дека така треба да ја води кампањата и тоа му носи политички поени тоа е негова пресметка, јас би го советувал та да не го прави, туку да се извини“, изјави Мицкоски.

Мицкоски посочи дека веројатно Пендаровски така се обраќа на оние на кои мисли дека ќе го гласаат, но тие пораки се шокирачки.

Неговата порака „очи нема да ви видам во вториот круг ако во првиот нема да ме гласате“ е навистина шокантна и е порака до граѓаните бидејќи 5 години го немаше, излезе во кампања и сега го гледаме како повторно бара поддршка, а се заканува на граѓаните.  Шокиран сум што овие луѓе после 30 годишна политичка кариера испраќаат во јавност вакви пораки, изјави Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ