среда, 18 декември 2024

Мицкоски во Брисел на самитот ЕУ-Западен Балкан

Претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски денеска за време на работната посета на Брисел ќе има средби со потпретседателката на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас, со премиерот на Кралството Шпанија Педро Санчез и со премиерот на Полска, Доналд Туск, соопшти владината прес-служба.

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе присуствуваат на самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел на кој за прв пат ќе претседава претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

На Самитот ќе се разговара за натамошната интеграција на регионот преку Планот за раст, како и за надворешни, безбедносни и миграциски прашања.

Исто така, претседателот на Владата Мицкоски ќе учествува на Самитот на Европската народна партија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ