„Ќе обезбедиме фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години со новиот буџет, во зависност од бизнисот и планот. Посебна комисија под строги критериуми во која ќе членуваат претставници на неколку институции, ќе издвојува средства и ќе ја одредува висината на помошта. Ќе има реален надзор, дали вистински се трошат средствата за таа намена. Вредноста ќе биде од 1.000 евра до 30 илјади евра за проект. ВМРО-ДПМНЕ верува во младите и во нивниот потенцијал затоа презема вакви мерки. Ова ќе помогне во развивање на државата“, рече Мицкоски на вчерашната Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски ветува ваучери од 250 евра за таблети за сите студенти и до 10.000 евра за бизнис за млади
ВМРО-ДПМНЕ како владејачка партија ќе реализира низа мега проекти. Прво, со новиот буџет кој е во изработка, ќе обезбедиме ваучери во вредност од 250 евра за електронски уреди за сите, за сите студенти во Македонија, за сите до еден, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој на конференцијата на Унијата на млади сили презентираше мега проекти за младите.
Објавено на
часот