петок, 28 февруари 2025

Мицкоски тврди дека Македонија го достигнала историски највисокото ниво на странски инвестиции

Во 2024 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 1 милијарда и 255 милиони евра, а растот во последниот четврти квартал на минатата година е цели 400 милиони евра што за Македонија и регионот е најдобар економски резултат, напиша премиерот Христијан Мицкоски на фејсбук.

Објавено на

часот

Сподели

Со тоа, како што наведува Мицкоски, Македонија го достигна историски највисокото ниво на странски директни инвестиции.

„На овој успех се радувам особено затоа што сите знаеме каков економски пустош и запоставеност во секоја област затекнавме. Ќе продолжиме макотрпно да работиме за секој еден граѓанин, и да ја развиваме економијата обезбедувајќи заедничка иднина. Само со работа, успеси и визија Македонија станува повторно ваша!“, пишува Мицкоски, кој денеска патува за Турција на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ