петок, 26 јули 2024

Мицкоски: Со некои партии од владејачката коалиција не договоривме трансфер кон ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека со некои партии од владејачката коалиција не е постогнат договор за приклучување кон коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а коалицирањето на ДУИ со етнички неалбански партии тој го оцени како обид да се ублажи пораз на изборите.

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски на новинарско прашање на прес-конференцијата во Стопанската комора рече дека не може да одговори конкретно зошто некои партии од актуелната владејачка коалиција решиле да пристапат кон коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а би сакал, како што нагласи, причината да е изборната програма на неговата партија.

„Околу мотивот и причината тие партии ќе треба да ви дадат одговор. Јас би сакал тоа да е фактот што тие препознале во нашата програма добри работи и поради тоа одлучиле да ја прифатат. Имаше и такви кои преговараа со нас, не успеавме да постигнеме договор, па тие или ќе настапат самостојно или ќе останат заедно со актуелните владејачки партии, дали се тоа СДСМ или ДУИ без разлика“, рече Мицкоски.

Според него, коалицирањето на ДУИ со други политички партии ќе биде неуспешен политички маневар.

„ДУИ треба да даде одговор зошто го прави тоа. Ако мене ме прашувате, ценам дека се обидуваат да направат маневар на политичкиот простор со што ќе го ублажат поразот на следните избори од страна на консолидираната, условно кажано, албанска опозиција. Не мислам дека овој потег ќе биде успешен, имајќи ги предвид лицата кои пристапуваат на таа коалиција, но времето и гласачите ќе покажат. Можеби моето толкување е погрешно. Во минатото имаше многу обиди ДУИ да претстави одредени позиции кои се неуспешни, како ‘Зелената транзиција’ која наместо еколошки, презентираше тендер политики. Мислам дека ова ќе биде неуспешен политички маневар, но времето нека биде одговор на овие дилеми“, истакна Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ