сабота, 21 декември 2024

Мицкоски смета дека треба да се отвори истрага за парите за членовите од историската комисија

Инспекторите и истражителите ќе се позаниваваат со тоа како досегашните членови на историската комисија ги добивале солените хонорари и останати додатоци. Премиерот Христијан Мицкоски најавува истрага за  парите кои ги добивале екс членовите на македонскиот историски тим, кој наместо да ги бранат националните интереси, според премиерот ги продавале и ја засрамувале државата.

Објавено на

часот

Сподели

„Нека се вклучат ОБСЕ, ама сега ќе се вклучат и инспекциските и истражните органи да видиме каде се трошеа парите и ќе се вклучат и тие да видиме каде се трошеле парите, колкави се хонорарите за овие кои ништо не направија изминативе години, односно го засрамија народот во Македонија и ги продадоа македонските интереси“, изјави Мицкоски.

Претходните членови на комисијата побараа меѓународни организации, меѓу кои и ОБСЕ да се вклучат во работата на оваа мешовита комисија.

Потрошени се стотина илјади евра народни пари за ништо, за нешто кое што резултираше со капитулација за тоа што го прифатија двоецот Ковачевски и Османи, изјави Мицкоски.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче реагира за политичкото дискредитирање на членовите на историската комисија и ја поддржува идејата за вклучување на странски експерти во нејзината работа.

„Сметам дека вклучувањето на меѓународни експерти во историската комисија со Бугарија воопшто не е лоша работа. Прво дефинитивно ќе влијаат на елиминирањето на политичките влијанија кои на никого не му носат добро а ќе внесат искуства од претходни комисии каде работеле, изјави Филипче.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ