„ДУИ со нивните коалициони сакале 70 посто од министерствата, компаниите, институциите, а само 30 отсто СДСМ и Ковачевски. И за ова има информации дека имало веќе средби, а Ковачевски му рекол на Ахмети земи бел лист ххартија напиши колку треба за СДСМ ние ќе прифатиме. Ете на тоа дереџе падна СДСМ, и со тој образ ѓон партијата ја сведоа на најниските гранки. Од друга страна дека ова е вистина што ви го кажувам се потврдува со инаа симулација која вчера ДУИ ја направи на распределба на министерски места и владини позиции. Кутрото СДСМ никаде го нема. Ќе им порачам кусо: влада не се прави со дигитрони, туку со поддршка од народ. И оваа завера нема да ви помине“, истакна Мицкоски.
Според него исто така и Стево Пендаровски е активно вклучен во молење кон странците, но секоја врата му е затворена и треба да знаат дека ќе изгубат силно и убедливо.
„Живееме во тешки времиња. Државата е во хаос, институциите се парализирани, апатија и разочараност се чувствува насекаде. Изгубена е довербата во политичарите, бидејќи народната волја е многупати изигрувана. Ништо не функционира. Македонија е одземена од рацете награѓаните, а граѓаните со право се скептични дали може да се промени тоа“, додаде тој.
Мицкоски оцени дека овие избори се последна шанса за спас, промените, рече, се можни и се на дофат, а народот бара промени затоа што Македонија е изморена од чекање.
„Народот нема контрола врз сопствената држава затоа што стотина луѓе од ДУИ управуваат со цела Македонија. Се создаден ‘артаноиден’ режим кој е дополнуван и ослужуван од слугите од СДСМ и Ковачевски. Тие тоа го прават за да купат ден повеќе, а ДУИ за да украде милион повеќе. Оваа држава не се создаде за да им служи и биде јагма на Ковачевски, Талат, Ахмети, Бујар или Зечевиќ, туку да им служи на граѓаните на Македонија“, истакна Мицкоски.
Мицкоски им се обрати на неопределените како тивко мнозинство велејќи дека тоа се луѓе со извонредни капацитети кои ги повика да гласаат и да ја поддржат ја опцијата која ќе ја направи Македонија повторно твоја.
„Сакам да се обратам и до македонската опозиција. До партиите кои по разни основи се расцепкани. Јас доколку не повикам на национално обединување би го погазил супстратот и идеологијата на мојата партија, затоа што ВМРО е и демократска партија за македонско национално единство. Пред сликата на руините и хаосот кој го прави оваа власт, ви велам дека секоја наша разлика со било која опозициска партија, било тоа да е Левица или ЗНАМ е помала од големата и заедничка работа пред нас, а тоа Македонија и нашата борба да кажеме дека има надеж и дека има иднина“, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски посочи дека подава рака за обединување во битката против, како што истакна, оваа ненародна власт „предводена од ДУИ и нивните измеќари од СДСМ“ и порача дека излегувањето на овие избори е и чин на патриотска должност и „приклучување кон единствената сила за промени ВМРО-ДПМНЕ“.