среда, 1 јануари 2025

Мицкоски: СДС си направија штета себеси со политиките што ги водеа, но многу повеќе на Македонија и Македонците

На вечерниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ зборува“, гостуваше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се осврна на последиците од политиките на СДС и нагласи дека тие нанесоа длабоки рани и болка на македонскиот народ. Мицкоски додаде и дека дејствата на СДС нема да бидат заборавени ниту простени со децении. Според него тоа беа тешки времиња за Македонија како држава, полни со криминал, а посочи и дека Македонија беше раководена од ,,национално исплакнати луѓе“ кои не го ценеа идентитетот на Македонците.

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа беа тешки времиња за ВМРО-ДПМНЕ, но ВМРО-ДПМНЕ е помалку важно во случајот, поважна е Македонија. Прво, беа тешки за Македонија како држава. Времиња во кои криминалот царуваше, не само политичкиот, туку и на улиците. Времиња во кои државата ја раководеа луѓе кои за идентитетските прашања гледаа со потсмев, за нив ништо тоа не значеше“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски продолжи со критика на СДС, нагласувајќи дека оваа партија, иако била дел од коалицијата, е одговорна за големите проблеми што ги имала земјата. Мицкоски истакна дека овие политики им донеле многу штета на македонскиот народ и ќе останат трајно запишани како нешто што не може да биде простено.

„Тука пред се зборувам за поголемата партија во владата на СДСМ, иако тие функционираа како малцинска, но зборувам по бројки, во секој случај тие беа поголема партија. Од оваа перспектива денеска ако ги гледаме работите, покрај сите оние лоши работи кои што ги направија додека беа на власт, (јас бев отприлика 6 години претседател на ВМРО-ДПМНЕ откако тие беа влада) и покрај сето тоа што го направија – генерално најмногу себеси си направија лошо со политиките што ги водеа. Сега тие се перцепирани од страна на јавноста како луѓе што го изгубиле угледот, почитта и кредибилитетот што го имаа“, изјави Мицкоски.

Мицкоски нагласи и дека поранешната власт е често предмет на критики од јавноста, а граѓаните не ги забораваат нивните дејства.

„Честопати, претпоставувам, се сведоци на непријатни ситуации додека одат по улиците, додека се во друштво на луѓе, тие се предмет на критика. Слушаат дека сето тоа коешто го работеле било погрешно и дека не требало така да го прават сето тоа“, додаде Мицкоски.

Мицкоски истакна и дека не само што СДС си направија голема штета себеси, туку и на Македонија како татковина. Тој е уверен дека тоа нема да биде заборавено.

„Но она што тие себеси си го направија и на Македонија како нивна татковина е нешто коешто мислам дека со децении ќе биде незаборавено и нема да им биде простено од граѓаните. Пред сè од Македонците, бидејки нанесоа многу болка на Македонците. Мислејќи дека се национално исплакнати, мислејќи дека ќе водат таква, би рекол квазиполитика, нанесоа многу болка на граѓаните, а пред сè на македонскиот народ и тоа нема да им биде простено. Верувајте, тоа нема да им биде простено со децении, ниту пак заборавено“, заклучи Мицкоски.

Тој објасни дека и покрај девалвирањето на името на партијата, и покрај бројните омаловажувања, ВМРО-ДПМНЕ е, и ќе остане структура од македонскиот идентитет.

„Сите ја потценија моќта на ВМРО како организација. Колку и да сакаат да го девалвираат, па често пати насловуваат како ДПМНЕ, не како ВМРО-ДПМНЕ, колку и да сакаат да нè омаловажуваат, колку и да сакаат да направат зло, сепак ова е структура којашто е дел од македонскиот идентитет“, рече Мицкоски.

Мицкоски објасни дека ВМРО-ДПМНЕ и историското ВМРО се дел од македонскиот идентитет, и дека тој корен не се корне лесно, не се уништува.

„Сакале да признаат или не, ВМРО-ДПМНЕ и историското ВМРО се дел од македонскиот идентитет и туку-така лесно тој корен не се корне, тој корен не се уништува, тој корен има длабоки корења и јас ја имам таа чест да ја водам оваа организација и оваа структура“, вели Мицкоски.

Премиерот нагласи дека од аспект на неговите животни гледања, неговите амбиции и желби се исполнети и реализирани и како единствена обврска која му преостанува е да го подобри животот на граѓаните во Република Македонија. Тој потенцираше дека го вложува секој атом од својата енергија за успешно справување со дадените предизвици заедно со своите соработници.

„И често пати кога ме прашуваат, „што понатаму“ , велам – ако гледаме од оптиката на личните професионални амбиции, јас реално немам за што повеќе да живеам. Ја предводам најголемата, во историска смисла – организација на Балканот. Ја предводам Владата како предводник на најголемата, во историска смисла организација на Балканот, и сум редовен професор. Генерално, сите оние моменти, сите тие амбиции кои што сум ги имал како човек се реализирани. Сега единствениот мој мотив се овие 100 илјади човечки животи и нивните судбини, да се обидеме преку алатките кои што ги имаме на располагање, да ги направиме поубави и давам сè од себе тоа да го правам… Јас во овој момент го вложувам секој атом од својата енергија, и знам дека тоа го прават моите соработници, и знам која е нивната инспирација – така што накратко, поминавме многу тешки работи, но победивме“, заклучи Мицкоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ