вторник, 28 мај 2024
Парламентарни избори 2024

Мицкоски: Продолжуваат притисоците и заканите на ДУИ и СДСМ 

Начинот на кој што СДСМ и ДУИ се обидуваат да ги добијат симпатиите кај гласачите не е поради тоа што имаат политичка програма што ја нудат или начин на кој тие го артикулираат кон гласачите, туку едноставно тоа е притисок и состојба во која сите тие заедно артикулираат една позиција која не е во склад со демократијата, изјави вечерва за ТВ Сител Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски додаде дека за време на првиот круг од претседателски избори можеше да се забележи дека имаше гласање кое траеше помалку од една минута, а тоа е невозможно. Имаше гласање каде што луѓето излегуваат да гласаат за помалку од една минута. Тој посочи дека на тие избирачки места ВМРО-ДПМНЕ имаше набљудувачи.

„Ние затоа и ги повикавме институциите, затоа ги повикавме и меѓународните набљудувачи да излезат на терен. И ги потенциравме буквално сите оние избирачки места каде што имаме таков тип на девијантно однесување“, укажа тој.

„Пред се зборуваме за општина Сарај, зборуваме за општина Липково, зборуваме за општина Арачиново“, појасни Мицкоски.

На прашањето за можни коалиции, Мицкоски рече дека коалиција не се прави со луѓе кои што на насилен начин се обидуваат да ја освојат волјата на граѓаните.

Мицкоски наведе уште еден пример за неправилности. Тој го посочи писмото на Фатмир Битиќи, вицепремиерот на Владата кое го испратил до одредени лица велејќи им да гласаат за него.

„Имаме писмо кое го испратил вицепремиерот на Влада, во кое вели луѓе јас како вицепремиер се заложив вие да добиете помош и во име на тоа барам од вас да го дадете вашиот глас за мене“, појасни Мицкоски додавајќи дека обвинителството сѐ уште молчи за овој случај.

„Имало случаи кога обвинителството покренувало истрага против лица кои оствариле политичка добивка, зошто тоа не го прават сега. А треба да покрене истрага. Ако не се случи тоа, тогаш се потврдува нашата теза за октроирано и партизирано обвинителство“, изјави Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ