сабота, 27 јули 2024

Мицкоски: Преговараме со пратеници кои не се дел од коалицијата „Твоја Македонија“

Заврши состанокот на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијаа  Вреди за преговори за формирање коалиција за нова влада што се одржуваше попладнево во седиштете на ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека се надева и е оптимист дека по преговорите со коалиционите партнери ќе обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието. Мицкоски ги потврди информациите дека се преговара со пратеници кои не се дел од коалицијата „Твоја Македонија“, но не сакаше да открие дали станува збор за пратеници од коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ.

 

Објавено на

часот

Сподели

Неофицијално според првичните оценки од учесниците во преговорите, состанокот поминал во позитивна атмосфера.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој денеска се обрати на Самитот „Македонија 2020-2025“ изјави дека се надева и е оптимист дека по преговорите со коалиционите партнери ќе обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието што ќе ни биде потребно за да се донесат законски измени за добро на граѓаните на Македонија.

„Успешно консолидиравме 61 пратеник, но не можам да кажам кои се. Разговорите со Вреди, од тоа што сум информиран се водат во вистинска насока. Наша втора цел е со Вреди да имаме двотретинско мнозинство затоа што имаме за цел да рекомпонираме владини ресори“, рече Мицкоски.

Мицкоски ги потврди информациите дека се преговара со пратеници кои не се дел од коалицијата „Твоја Македонија“ но не сакаше да открие за кои пратеници станува збор.

Првиот човек на Демократско движење, Изет Меџити денека за ТВ Алфа изјави дека ВМРО-ДПМНЕ и Вреди преговараат со четири пратеници од коалицијата на ДУИ за истите да преминат на нивна страна.

Според првичните официјални резултати за парламентарите избори што ги објави ДИК, Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоено најмногу пратенички мандати, 58, по што следуваат Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ со 19 пратенички мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, 18, Коалицијата ВЛЕН, 13, а Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица по шест пратенички мандати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ