понеделник, 20 мај 2024

Mицкоски: Политичари кои велат дека се европски, а немаат „е“ од европски

Масовната излезеност е глас и одлука за иднината на нашите семејства и иднината на нашата татковина, да ги победиме сценаријата на партијата која што нема „е“ од европски, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

„Имам три пораки, првата порака е да ги повикам граѓаните во Македонија масовно да излезат и да гласаат. Затоа што само на овој начин можеме да одлучуваме за нашата заедничка иднина. Ова се парламентарни и претседателски избори, масовната излезност е глас и одлука за иднината на нашите семејства и иднината на нашата татковина. Втората моја порака е дека за време на кампањата предупредував на две можни сценарија кои денеска гледаме дека се реалност. Првото сценарио е на онаа група политичари кои во своето име го имаат зборот „европски“, а од „европски“ немаат ниту „е“. Тие за жал се уште се заглавени во минатото, се уште се заглавени во 18-тиот век и ова ќе биде голема казна на граѓаните врз овие ретроградни и дефанзивни политики кои што овие политичари кои што во своето име „европски“ ја злоупотребуваат Европа. Јас сум убеден дека дури и Европа се срами од овие луѓе“, рече Мицкоски по гласањето.

Третата негова порака беше до новинарите кои, како што истакна, биле истрајни за време на кампањата и објективно известувале.

На новинарско прашање ако стане премиер каков ќе биде неговиот став кон Косово, тој потсети дека токму владата на ВМРО-ДПМНЕ ја призна независноста на Косово.

„Ставот на Македонија кон Косово е мнгоу јасен. Не знам дали во Косово ја имате таа информација дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ја призна независноста на Косово или уште верувате во лагите на Артан Груби и Али Ахмети“, напомена Мицкоски. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ