сабота, 19 октомври 2024

Мицкоски: Подобрување на условите на водење на бизнис во државата

На мое големо задоволство денеска имавме состанок со Советот на странски инвеститори овде кај нас во Македонија. Од плодната дискусија можам да заклучам дека има многу работа која што треба да ја завршиме, бидејќи некако изминатиот период повеќе се зборувало, а ништо не се завршувало. Мислам дека слушнавме многу добри совети, многу добри насоки за тоа како треба да ги водиме работите и процесите во период кој што следи, изјави македонскиот премиер Христијан Мицкоски по средбата со Советот на странски инвеститори.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата деше договорено вакви средби да имаат најмалку на секои три месеци на кои  ќе се разговара за напредокот на работите договорени на состаноците. Следниот состанок веќе е договорен за првата половина на декември.

„Сите си зададовме определени домашни задачи за реформите и законите што треба да бидат изменети, но и за процесите за кои  ќе треба во периодот што следи заеднички да работиме, да дискутираме, да анализираме, да видиме што треба секоја од страните да направи. Како Влада остануваме целосно посветени на реформската агенда, и целосно посветени на подобрување на условите на водење на бизнис кај нас, бидејќи колку поуспешни компании, толку и поуспешна Влада. Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада, бидејќи ќе има поголеми приходи во Буџетот. А со приходите од Буџетот ќе има поголема реализација на капитални инвестиции, а од друга страна ќе има и повисоки плати за повисок стандард на нашите граѓани. Да заклучам, навистина успешна средба со Советот на странските инвеститори и со нетрпение очекувам следната да видиме што од она кое што денеска го договоривме е направено, и што е она кое што дополнително треба да се направи“, изјави Мицкоски.

За средбата на Советот со економскиот тим на Владата, изјава даде и Виктор Мизо, претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора.

„Разговаравме за работните односи, разговаравме за образованието, за царинските и даночните теми, кои се многу важи за странските компании кои работат тука, за инфраструктурата и општо што значи и колку е важно зголемување на конкурентноста на компаниите кои функционираат тука веќе подолго време. Имавме присутни околу 40 компании каде што со сите институции од Владата директно ги кажавме нашите барања, потребите, дури и законските потенцијални измени кои треба да се случат во следниот период. И она што е важно е дека имавме плодна, детална дискусија и очекуваме во следниот период преку работни групи со различните министерства и институции подлабински да навлеземе во сето она што треба да се адаптира, да се промени, да се подобри, за да креираме конкурентна, плодна почва за работа, за можност за дополнителни инвестиции од наша страна, но истовремено и за конкурентност при процесот на потенцијални привлекувања на нови компании.

Иако ние како компании тука работиме на подобрување на нашите резултати и нашите успеси тука, знаме дека како компании кои работат успешно тука можеме да бидеме и амбасадори при процесот на привлекување на нови компании“, изјави Мизо.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ