сабота, 27 јули 2024
Изјавa на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: По прегласувањето верувам дека ќе соопштам оти имаме 62 пратеници

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека по прегласувањето на неколку избиурачки места во Изборната единица 5 што ќе се одржи во среда, ќе може да каже дека имаат не 61 пратеник, туку 62 пратеници.

Објавено на

часот

Сподели

„Фокусирајќи се на народот, имаме историска можност како никогаш досега, во овие повеќе од три децении. Треба да ја довршиме задачата, на 22 мај ќе има прегласување во Изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму и веќе на следното мое обраќање верувам дека нема да зборувам за 61 пратеник, туку за 62 пратеници“, рече Мицкоски во изјава дадена во делчевското село Разловци, на одбележувањето на Разловечкото востание.

Следната цел, како што рече, е две третини во парламентот.

„Верувам дека кон крајот на следната недела ќе можеме и тоа да го оствариме. Тоа ќе нис овозможи да го промениме законот за организација на ресорите во самата Влада за да добиеме нова нова структура на модерна влада, влада којашто ќе одговара на потребите на граѓаните во Македонија“, рече Мицкоски.

 

Потоа, како што додаде, ќе отпочне историски реформскиот процес, невиден досега во Македонија.

„Во првите 100 дена очекуваме исклучително добри вести за сите граѓани, во смисла на подобрување на стандардот, би рекол, една финансиска бомба. Ние нема да се занимаваме со политички бомби и со ниски страсти и напади, туку планираме да работиме за подобрување на стандардот на граѓаните. Така планираме да го заслужиме нашето место во историјата“, рече Мицкоски.

 

Во рамки на посетата на Разловци, Мицкоски положи цвеќе пред спомен-плочата на Поп Стојан, еден од организаторите на Разловечкото востание.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ