недела, 19 мај 2024

Мицкоски: Пендаровски до сега не кажа ни збор за криминалите на ДУИ

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот, е киднапиран и одземен од контролата на народот. Тој сега служи на стотина души од ДУИ кои управуваат со државата и на нивните слуги од СДСМ, кажа претседателот Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во Гевгелија.

Објавено на

часот

Сподели

„Погледнете, нема тендер кој не е сомнителен. Се договораат во 4 очи, а парите завршуваат во десетина фирми за кои ако се прочепка сопственичката структура ќе видите дека тие се блиски луѓе на власта. СДСМ му ја подари државата на Али Ахмети, Артан Груби и Талат Џафери. Тоа е поради тоа што власта СДСМ ја купува на дневно ниво. Нивната слабост ја покриваат со милион услуги кои им ги вршат на ДУИ и станаа заеднички соучесници во разграбувањето на државата. Пендаровски се постави како втор кандидат на ДУИ. Целиот свој мандат тој не собра сили да се спротивстави на ниту еден нивен криминал. Завршува 13-от ден од политичката кампања како Стево Пендаровски нема кажано нит збор за ДУИ. Ниту една критика, што значи тој прифаќа и одобрува сè што ДУИ, Артан, Ахмети направија со Македонија. Тој одобрува, молчи и прифаќа за продажбата на Соравиа, пљачката на државата, неодговорноста за модуларната болница, купувањето на деловни простории по багателни цени и илјадници други скандали кои сега стануваат и товар на Пендаровски и негов срам“, кажа Мицкоски.

Тој порача дека овие избори се и за тоа да ја вратиме државата во рацете на народот, Македонија мора да ја направиме горда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ