„Нема да има исплата на 13-та плата во сите органи на државната управа и средствата ќе се пренасочат за развојни проекти. Започнува исплатата на К-15 за сите вработени во целата администрација. Македонија ќе биде пристојно место за живеење“, напиша Мицкоски.
Mицкоски: Нема зголемување на платите на именуваните и избраните лица
Целосно свесен за времето во кое живееме и фактот дека се бориме со последиците од минатото, на денешната седница Владата донесе одлуки со кои нема да растат платите на именуваните и избраните лица, судиите, членовите на судскиот совет, јавните обвинители и членовите на Советот на јавните обвинители и истите преку интервенција во коефициентите за пресметка на платите се замрзнуваат, напиша на својот фејсбук-профил македонскиот премиер Христијан Мицкоски.
Објавено на
часот