четврток, 26 декември 2024

Мицкоски: Нема ништо да се случи на седницата на Уставниот суд за уставноста на Законот за употреба на јазиците

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема ништо да се случи во среда на седницата на Уставниот суд за уставноста на Законот за употреба на јазиците, бидејќи Уставниот суд си има процедура и тоа ќе биде само подготвителна седница. За ДУИ, кои вчера испратија писмо до САД, ЕУ и НАТО да се ангажираат да спречат дестабилизација, Мицкоски рече дека нивна цел е поделба по етничка основа.

Објавено на

часот

Сподели

„Тие, ДУИ, бидејќи 20 и кусур години поставуваат судии, знаат дека ништо нема да се случи во среда. Па кога ништо нема да се случи во среда, бидејќи се знае какви се процедурите на Уставниот суд итн., ќе излезат во јавноста и ќе кажат: ‘Еве ние правевме притисоци и затоа сега ништо не се случи во среда’. Затоа, што за било што да се случи и за било кој да направи нешто таму, потребни се уште неколку чекори за да дојдеме до било каква акција. Во среда нема ништо да се случи, затоа што има подготвителни седници итн. итн. Но, тие повторно ги злоупотребуваат Албанците, но и Македонците, но и останатите ги малтретираат во државава со обид за поделба и да привлечат кон себе внимание“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата, посветена на економски теми.

Мицкоски рече дека граѓаните треба да бидат спокојни, бидејќи безбедносната состојба е под контрола.

„Секоја процедура мора да има крај. Ние не можеме да речеме дека не важи. Единствено тие што ја поднеле, можат да ја повлечат или Уставниот суд да ја отфрли како нерелевантна. Па дури потоа ние може да зборуваме дали, како, што, и да влегуваме во зона на претпоставки. Дотогаш, ве молам, да не се грижите, безбедносната состојба е под контрола. Ќе има обиди, од истите овие луѓе, точно ги знаеме кои се, точно знаеме со кои групи комуницираат и како комуницираат, точно знаеме сѐ. Немојте да мислите дека нешто не се знае. И ние, но нашите стратешки партнери, бидејќи во оваа работа не сме сами. Добиваме и од таму информации, даваме информации, разменуваме информации. И ќе се одбраниме и ќе ги поразиме“, додаде Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ