четврток, 26 декември 2024

Мицкоски нема коментар за организаторите на 27 април, имало контроверзни изјави за случајот

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска не сакаше да ги коментира случаите со најавената амнестија за организаторите во настаните од 27 април и случајот со сомнежите за злоупотреба на пари во Државна лотарија.

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е судска одлука. Јас не би имал што да додадам, што да коментирам. Се сеќавате и во текот на расправата и во текот на претресот имаше контроверзни изјави од многумина од учесниците во овој процес така што јас би се воздржал од каков било дополнителен коментар“, рече премиерот Мицкоски, кој беше на започнување на проектот за реконструкција на коловозот на патот кон манастирот Пеленица во Општина Кисела Вода.

Премиерот не сакаше да зборува за случајот со Државна лотарија, но кажа дека биле злоупотребени многу повеќе од осум милиони евра. Прашан дали тие пари биле вложувани во криптовалути рече дека не би сакал да зборува ништо што е поврзано со истрагата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ