петок, 27 декември 2024

Мицкоски: Некои обвинители добиваат стомачни проблеми за акција против криминалци

Премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање во однос на одлуката на ДКСК  која остро реагира дека именувањата на членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители во Управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители се спротивни на Законот за спречување на корупција и има судир на интереси, децидно ијави дека „ дека инсталациите на СДСМ и ДУИ се жилави и ќе биде жестока борбата со нив“.

Објавено на

часот

Сподели

„ Што се однесува до одлуката и коментарот на Државната комисија за спречување на корупцијата можам да кажам дека инсталациите на СДСМ и ДУИ се жилави и ќе биде жестока борбата со нив. Не очекувам дека ќе биде лесна во обвинителството и во судството.  Затоа што нивната цел, да дадат сѐ од себе за да го уништат обвинителството и судството за да можат нивните вистински стопани, тие малкумина обвинители и судии, да ги заштитат, добива епски размери. И јас ова го зборував на последната собраниска седница кога одговарав на пратенички прашања“, искоментира Мицкоски.

Премиерот Мицкоски има впечаток дека некои од обвинителите добиваат дравствени проблеми кога треба да се прееме акција против криминалот, но дека како Влада се решители македонските граѓани да добијат правда каква што заслужуваат.

„Често пати во изминативе еве, речиси пет месеци од како сме Влада, се случува некои од обвинителите да имаат стомачни проблеми, главоболки, температура и така натаму, во моментот кога ќе треба да се преземе резолутна акција против криминалци, коишто беа симбол на едно минато седумгодишно владеење, коешто не треба да ни се повтори. Јас не верувам дека оваа борба ќе биде кратка. Оваа борба ќе биде долга, исцрпувачка, бидејќи се тие жилави. Тие инсталации се жилави, малкумина се… Да се разбереме, не се многу. Малкумина се во обвинителството и во судството, кои сè уште се слепи послушници на претходната влада од СДСМ и ДУИ, но можам да ви кажам дека ќе победиме. А тоа што сум го кажал, тоа и сум го направил. На крај ќе победиме и тие ќе бидат поразени. Македонските граѓани ќе добијат правда, онаква каква што заслужуваат, а не неправда од страна на малкумина октруирани послушници на претходната Влада на СДСМ и ДУИ, коишто во последен момент секогаш добиваат стомачни напади, вируси, главоболки и температура кога треба да се дејствува против, за жал, криминалците кои беа симбол на едно седумгодишно погрешно владеење “, изјави  претседателот на Владата, Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ