понеделник, 20 мај 2024

Мицкоски најави инвестициски бум, распуштање на Судскиот совет и истраги за криминали по министерствата

 

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски потенцираше дека ќе донесат и други две странски инвестиции, за кои услов е да си замине сегашниот директор на ТИРЗ и претседател во најава на СДСМ, Јован Деспотовски. Тие инвеститори, како што рече Мицкоски, имаат навистина лошо искуство со него во однос на плановите да инвестираат во Македонија кои што се исто така прилично атрактивни како инвестиции.

„Можам да најавам еден финансиски пакет во соработка со влада во вредност од 1 милијарда евра, со исклучително поволни услови. Со добар грејс период и атрактивна каматна стапка. Еден ваков финансиски бран ќе биде само дел од оној процес за кој што зборувам цело време, а тоа е како да донесеме надеж“, рече тој.

Мицкоски додаде дека во втората половина на јули ќе се направи ребалансот, а во првата половина на септември да почне децентрализацијата на финансиски средства и инвестиции во општините од 250 милиони евра, односно 125 милиони евра инвестиции во општините за втората половина од годинава.

Тој во синоќешното интервју истакна дека има многу индиции за криминал и многу докази кои му се доставени, но и сведоштва.

„Ќе има одговорност. Имаме сведоштва, посебно помеѓу првиот и вториот изборен круг, кои носат докази и навистина сме шокирани. Многу од овие случаи за кои јас зборувам ги евидентираа луѓето кои беа дел од техничката влада, посебно во Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи бидејќи таму бевме присутни. Има и во финансии, администрација, земјоделие…“, кажа Мицкоски.

Тој додаде дека фронтот против криминал и корупција подразбира распуштање на републичкиот судски совет и советот на јавни обвинители.

„Во кампањата ние зборувавме дека создаваме фронт против криминалот и корупцијата и тој фронт подразбира дека ние ќе го распуштиме републичкиот Судски совет и Советот на јавни обвинители, но не значи дека сега ние треба да предложиме. Така беше протолкувано од владините партнери дека еве сега ВМРО ќе ги распушти едните за да ги постави своите партиски октруирани судии. Не, самите тие нека си изберат на непосредни избори“, посочи Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ