сабота, 21 декември 2024

Мицкоски на состанок на Берлинскиот процес, средба во Берлин со македонската дијаспора

Претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска и утре се во посета на Берлин, Сојузна Република Германија каде ќе се одржи состанокот на шефови на Влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес.

Објавено на

часот

Сподели

Предвидено е учество и заедничка прес-конференција на Канцеларот на Сојузна Република Германија Олаф Шолц и Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија и домаќин на следниот Самит.
Учесници на состанокот традиционално се шесте земји од Западен Балкан, нивните земји-поддржувачи Австрија, Франција, Италија, Словенија, Хрватска, Велика Британија, Полска, а од 2019 година и Грција и Бугарија, како и ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ, Советот за регионална соработка, ЦЕФТА и Регионалната младинска канцеларија (RYCO).
Предвидени се и повеќе билатерални средби на премиерот Мицкоски.
Вчера во Берлин Мицкоски и Муцунски остварија средба со македонската дијаспора. „Разговаравме за врските со нашата татковина, за нашата борба да ја направиме Македонија подобро место за живеење, за зачувување на македонскиот оган кој мора да донесе иднина и подобри времиња“, напиша Мицкоски на свиојот фејсбук-профил.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ