сабота, 27 јули 2024
Парламентарни избори 2024

Мицкоски: На денот на изборите од ДУИ полнеа кутии

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска обвини дека на денот на изборите од ДУИ полнеле кутии за што има потврден случај со пресуда од Управниот суд.

Објавено на

часот

Сподели

„Не се само информации тоа дека од ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во општина Липково за каде јасно Управниот суд донесе пресуда каде јасно се гледа дека волјата на граѓаните не е таа која е соодветна на резултатот“, рече Мицкоски за време на денешната посета на општина Бутел.

Тој вели дека за тоа како партија предупредувале цело време и воедно упати апел за будност.

„Ние тоа го зборуваме цело време, затоа апелираме цело време, бидејќи имаме индиции дека на уште педесеттина други такви места низ Македонија се полнеле кутии, а излезноста наеднаш по 18 часот се зголемила. Оттука, предупредувам на будност, на внимание“, рече Мицкоски.

Тој кажа и за обиди за купување на волјата на граѓаните.

„Тоа што сведочи од теренот е огромен притисок, обиди да се купи волјата на граѓаните од страна на ДУИ, мислејќи дека ќе направат голем резултат и така ВМРО-ДПМНЕ ќе биде пред свршен чин да мора да седне и да разговара со раководството на ДУИ“, кажа Мицкоски.

Тој рече дека „е убеден и верува во граѓаните на Македонија, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, Роми или останати дека нема да го дозволат тоа“.

„Можам да ви кажам примери во градови како Виница, Кочани, Делчево, Берово каде владини функционери во придружба со полицајци кои се идентификуваат како полицајци имале обиди да поткупуваат дури и во верски објект“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, волјата на народот не е резултатот за Бујар Османи, туку дека таа е многу помала и ќе биде уште помала во периодот кој следи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ