сабота, 19 октомври 2024

Мицкоски информира дека кредитот што го договори со Орбан го одобри Владата

Законот што се однесува на кредитот кој премиерот Христијан Мицкоски го договори со унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска помина на седница на Владата. Како што информира самиот Мицкоски на денешната прес-конференција, задолжувањето многу скоро ќе се најде пред пратениците и тие ќе го имаат последниот збор.

Објавено на

часот

Сподели

„Откако ќе помине законот во Собранието, министерката за финансии ќе отпатува во Унгарија каде ќе го потпише договорот, рече премиерот.

„Условите се оние за кои зборуваме – 3,25 проценти каматна стапка, три години грејс период, на 24 полугодишни рати кои ќе се плаќаат секој февруари и секој август. Моментално тоа се услови што не можеме ни приближно да ги обезбедиме на кој било друг пазар“, рече Мицкоски.

Кредитот, како што посочи, има развојна компонента затоа што дел ќе оди за развој на стопанството и на општините.

Кредитот од Унгарија во висина од половина милијарда евра беше договорен за време на посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Вашингтон каде се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ