„Навистина сум шокиран од таквото однесување од страна на првенците пред сè од ДУИ и СДСМ, но тоа е нивна работа. ВМРО-ДПМНЕ не се меша во внатрешните работи на останатите политички партии како што не сака другите партии да се мешаат во внатрешните работи на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Мицкоски.
Тој за мерките од програмата на ВМРО-ДПМНЕ рече дека тие веќе ѝ се соопштуваат на јавноста и дека тоа е победничката програма која ќе ја трансформира Македонија на подобро.
„Очекувам дека победничката програма на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде идна програма на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со која што ќе ја трансформираме кон подобро Македонија“, потенцираше Мицкоски.