среда, 19 февруари 2025

Мицкоски и Кошта разговараа за проблемите на Македонија со евроинтеграцијата

Европските интеграции, напорите и отстапките кои беа направени на тој план, како и потребата конечно да се отворат вратите на ЕУ беа темите на кои денеска во Минхен разговараа претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски посочи дека земјава заслужува да оди напред и конечно да не биде заложник на билатерални спорови и препреки, какви имаше и во минатото многу.

На тој план Македонија направи многу и Европската Унија мора да покаже подготвеност тоа да го вреднува на вистинскиот начин, а тоа е преку динамизирање на процесот на преговори со Европската Унија, истакна Мицкоски.

Тој рече дека Владата е силно посветена на судските реформи, испорачување на правдата и борба против организираниот криминал за што е потребна поддршка и мобилизација на сите општествени чинители.

Мицкоски исто така рече дека првенствена цел е борба за стандардот на граѓаните и подобар живот, што ќе се постигне преку иновации, инвестиции и силно образование.

Инаку средбата се одржува на маргините на Михенската безбедносна конференција каде се собираат политички лидери од светот и каде ќе се дискутира за важни европски и светски предизвици. Свое обраќање ќе има и македонскиот премиер, сопшти владината служба за информирање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ