„Имав средба со Ричард Гренел, поранешниот шеф на Националната разузнавачка служба, а сега во новата администрација нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика. Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија“, објави Мицкоски на својата официјална Фејсбук-страница.
Тој додава дека побарал поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план.
„Се бориме за секој интерес на Македонија!“, додава премиерот во објавата.