„Оваа инвестиција се очекува следната година и ќе значи многу за македонската економија. Тоа е мој фокус и мораме да продолжиме да се фокусираме на тоа да создаваме производи со голема додадена вредност затоа што само на тој начин ќе ни расте економијата. Освен тоа, голем дел од нашите македонски граѓани кои што се надвор од државата кои изминативе години се иселија како да имам чувство дека дел од нив полека но сигурно се интересираат да се вратат или почнуваат да се враќаат и да си ја градат својата иднина тука, бидејќи гледаат дека работите се менуваат на подобро. Се враќа надежта, тоа е доволно за мене дека успеавме да ја вратиме надежта кај луѓето“, изјави Мицкоски.
Мицкоски: Догодина очекувам огромна инвестица од 350 милиони евра
Преговараме со 15 компании, а се очекува огромна инвестиција од 350 до 360 милиони евра која ќе донесе извозен потенцијал кој позитивно ќе влијае на бруто домашниот производ, изјави македонскиот премиер Христијан Мицкоски за поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“.
Објавено на
часот