сабота, 27 јули 2024

Mицкоски до Сарацин, новата влада ќе биде посветена на реформи и трансформација

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски и пратениците и членови на ИК Марија Митева и Антонијо Милошоски оствари средба со специјалниот претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

Објавено на

часот

Сподели

Во духот на одличната соработка беше и оваа средба во која се потенцираше важноста за реформските процеси како и можностите за продлабочување на соработката помеѓу Македонија и Германија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски, како што информираат, на средбата истакнал дека новиот пратенички состав и идната влада ќе биде силно посветена на реформи и трансформација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ