четврток, 26 декември 2024

Мицкоски: Дел од опозициските политичари допрва ќе имаат проблеми за сторените злоупотреби

Имам чувство дека за некои опозициски политичари допрва доаѓаат проблемите кои се поврзани со големи злоупотреби правени во минатото, изјави вчера премиерот Христијан Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

Одговорајќи на новинарско прашање за инсистирањето на ДУИ за граѓанско изјаснување, Мицкоски уште еднаш повтори дека ги разбира политичарите од опозицијата.

„Ги разбирам политичарите во опозиција дека се нестрпливи и дека мислат дека со предвремени избори ќе ги решат проблемите. Имам чувство дека за некои опозициски политичари допрва доаѓаат проблемите кои се поврзани со големи злоупотреби правени во минатото“, потенцира премиерот.

Мицкоски вчера изврши увид во градежни активности на трите патни правци кај Велес – од мостот Башино село до вулканизер Дине, од Дине до Речани и од мостот Гемиџии до Лукоил. Притоа тој изјави:

„Секогаш кога нешто ќе се сработи ново коешто ќе го подобри квалитетот на живот на граѓаните за мене претставува посебна радост бидејќи тоа е нашата инспирација уште повеќе да работиме, уште посилно да работиме и уште повеќе да испорачуваме за граѓаните бидејќи тоа го очекуваат од нас.

Им честитам на сите, на потпретседателот на Владата и министер за транспорт, на директорот на ЈПДП, градоначалникот, пратениците во македонското Собрание, советниците, администрацијата во Општина Велес, на велешани, на сето ова коешто за кратко време е направено во Велес, на тоа што ќе се направи.

Дозволете ми да напоменам дека со новиот повик којшто ќе биде објавен преку Министерството за локална самоуправа отприлика нови 6 до 6,5 милиони евра ќе бидат проектите коишто ќе бидат финансирани овде во Велес.

Со нетрпение очекувам да го видам изгледот на катната гаража којашто ќе биде овде во центарот на градот бидејќи таа ќе биде навистина преубаво архитектонско дело, нешто коешто го очекуваат велешани. Така што еве да продолжиме да се радувам на проекти на убави работи и да ги изненадуваме пријатно граѓаните, да испорачаме повеќе од тоа од што сме ветиле“, изјави Мицкоски во Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ