„Ги слушнав пораките дека во Советот на Град Скопје не се гласале програмите. Еве јас како претседател ќе ги замолам советниците од ВМРО-ДПМНЕ веднаш на следната седница да ги изгласаат тие програми да не биде да речат дека ВМРО-ДПМНЕ ги кочи програмите. Но, не е до програмите. Еве ќе видите дека ништо нема да се смени. Добив информација дека на 29 август ќе има седница“,изјави Мицкоски.
Прашан дали долгот кон Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) ќе биде подмирен со пари наменети за изградба на нов булеварво Визбегово, Мицкоски кусо рече дека тоа не е така како што кажала градоначалничката Арсовска.
За најавата на ДУИ дека е можно градоначалниците од оваа партија да излезат од Здружението на општините (ЗЕЛС), Мицкоски рече дека тоа не е зрел потег.
„Велат, кој губи има право да се лути. Мислам дека треба да останат таму кај што им е местото. Ако прават така сите што губат и ги напуштаат институциите тогаш ќе се создаде лоша пракса. Но тоа е нивна одлука“, рече Мицкоски.