сабота, 27 јули 2024
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му врати на лидерот на ДУИ

Мицкоски: Али, многу брзо од денес и бисквитите и млекото ќе ти преседнат

Откако вчера ја повикав албанската опозиција на обединување против власта, уште истиот ден се јави Али Ахмети, нервозно одговарајќи, прозивајќи ме со навреди и доза на закани, но треба да знае дека неговите закани не само што не ме заплашуваат, туку и добро ме засмејуваат, напиша на својот фејсбук профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во првата изборна единица, Христијан Мицкоски, кој додаде дека заканите доаѓаат од човек пред политичка пензија, помалку и заборавен, но сепак со добро грло, кое го вежба пеејќи по државни институции, и партиски прослави.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Важен му бил на Али мојот оброк од детството, хммм…, чудно, па се обидува заканите преку вицови да ги испрати. Ќе му одговорам! Мојот оброк Али во детството го печалеа моите родители со многу љубов и жртва да ме израснат и воспитаат во личност која ќе почитува и ќе се бори за својата Македонија. Но што е важно? Важно е Али да дадеш одговор со што ги хранеше твоите, па денес голобради момчиња печалат милиони, ја купуваат Соравија, или пак како го спечали тој дворец во Зајас кој е како на некој блискоисточен шеик, а не политичар од сиромашната Македонија“, напиша Мицкоски на фејсбук.

Тој истакна дека ја „разбира нервозата и паниката бидејќи за првпат биле прочитани и пред пораз“.

„Доаѓа времето за одговори на многу прашања. Ова не е 2001 година, туку 2024 година, 23 години потоа, а ДУИ го претвори во криминална организација од која страдаат и Албанците и Македонците. Многу брзо од денес и бисквитите и млекото ќе ти преседнат…“, напиша Мицкоски.

Со скандирање „УЧК“ од говорницата на вчерашниот митинг во Скопје, Али Ахмети следен со извиците на присутните, му порача на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да внимава кога зборува за граѓаните со дискриминаторски јазик, особено кон Албанците.

„Христијане, мојот народ вели дека камен по камен настанува тврдина, а збор по збор почнува неволја, затоа мери си ги зборовите, зашто уште си млад, на устата уште имаш млеко“, му порача Ахмети на Мицкоски од синоќешниот митинг на ДУИ во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ