сабота, 27 јули 2024

Мицкоски: Али Ахмети и политичарите од ДУИ се пред политичка пензија, а за голем дел од нив следуваат судски процеси

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа изјава на Али Ахмети во отсуство на други идеи и во отсуство на корисни проекти, а во услови кога се фатени во огромен криминал, ДУИ се обидуваат сега со лесен дефокус да градат тема и потоа таа тема да ја пренесат во кампањата и тоа да биде тема во кампањата. Како што беше тема во кампањата премиер Албанец, сега да биде претседател Албанец и мислам дека треба да се игнорира. Знаеме дека тие, прво не се фактор за да можат да наметнат таква тема и мислам дека не треба повторно да се фаќаме како јавност на јадицата која што доаѓа од политичка опција која набргу ќе биде минато и ќе одговара за сето тоа што го правеле. Второ, дури и самата дрскост да се каже такво нешто и тоа да се поврзе со уцена за излезеноста на изборите претставува не државен чин за партија која што претендира да се претстави како државотворна и која што 22 години е дел од владата и го јаде лебот поради овие граѓани и оваа држава“, рече Мицкоски. 

Тој потсети дека во минатите претседателски изборни циклуси ВМРО-ДПМНЕ не уценувале за цензус.

„Ние тоа не го направивме. Затоа на политичката сцена во Македонија постои ВМРО-ДПМНЕ и сите останати, а тоа го потврдува Али Ахмети и ДУИ. Затоа ве замолувам многу внимателно да пристапуваме како медиуми на ваквиот тип на изјави и обид за дефокус од политичари кои не се фактор, а се обидуваат да се претстават како фактор, а за многу бргу време од денес ќе бидат пратени во политичка пензија и голем дел од нив ќе бидат дел од процеси каде што треба да ја докажуваат својата невиност за кои што постои основани сомненија дека сториле огромен криминал изминативе години“, рече Мицкоски и нагласи дека на претстојните избори треба да се истакнат проектите, капиталните инвестиции и подобриот стандард на граѓаните, а не фрустрациите на поединците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ